Министерот за култура Адеми во работна посета на Албанија

Министерот за култура  Асаф Адеми вчера престојуваше во работна посета на Република Албанија, при што во Тирана оствари средба со својата албанска колешка Мирела Кумбаро Фурџи... 

1R4A7739

На средбата министрите ги потенцираа одличните релации во областа на културата меѓу двете земји што е потврдено и со потпишувањето на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015 – 2020 година. Исто така, Адеми и Кумбаро Фурџи ја подвлекоа добрата соработка во сите дејности од културата меѓу Република Македонија и Република Албанија што се потврдува и со многубројните реализирани активности во областа на музичко-сценската, фолклорната,  издавачката и театарската дејност, што резултираше со голем број  гостувања на уметници од Македонија во Албанија, како и реципрочни гостувања на уметници од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја. 

1R4A7823
Уште еден значаен документ со кој се унапредуваат релациите во областа на културата е и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Националната галерија на Албанија со кој се ставаат во функција просторните и интелектуалните ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и сл. 

Во вечерните часови министерот за култура Асаф Адеми, во Галеријата на уметностите во Тирана  присуствувше на свеченото отворање на самостојната изложба  на реномираниот уметник Флака Халити, „Here – or rather there, is over there“.   

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia