Министерот Асаф Адеми во посета на Приштина

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, денеска  престојува во Приштина каде оствари работна средба со министерот за култура на Република Косово, Кујтим Гаши ...

Sredba_Kosovo_-_Naslovna

На состанокот, двајцата министри се договорија да ја продлабочат соработката и да работат на изготвување на заеднички културен календар меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција, министерот Адеми му се заблагодари на министерот Гаши за поканата  и го изрази своето задоволство од остварената средба.

- Ми претставува задоволство што првата официјална посета во странство ја реализирам во Косово, што за нас не е само пријателска соседна земја, туку и земја со која имаме национални, семејни, но и културни врски, истакна министерот Адеми.  

Sredba_vo_Kosovo_2

Тој додаде дека се надева дека овие состаноци ќе продолжат и во иднина.

Од друга страна, министерот Гаши пак, истакна дека тие веќе се согласиле во септември да потпишат заеднички календар на активности со што оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

По официјалната средба, двајцата министри го посетија археолошкиот парк „Улпијана“.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia