Започна 58-то издание на Охридско лето

Со настапот на оперската дива Елена Мошуц, една од најдобрите оперски певици во светот, тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Николае Молдовеану, вечерва на сцената на Античкиот театар во Охрид  свечено беше отворено 58-то издание на најголемата музичко-сценска манифестација - фестивалот „Охридско лето“...

ohridsko_leto_nova

Свое обраќање пред публиката имаше и министерот за култура Асаф Адеми, кој истакна дека се чувствува посебно почестен што како служител т.е. министер на уметниците, го има задоволството да им се обрати ним, а и на публиката како и на поддржувачите на најреномираниот музичко-сценски фестивал во земјата па и во регионот.

– Уметноста е универзалниот јазик на светот. Велат дека јазикот е измислен од човекот за да ги искаже своите чувства, но реално го употребува повеќе за да ги сокрие истите, да лаже, да убие. Само во јазикот на уметноста сé е искрено, чисто…божествено. Да уживаме во овие месеци на универзалниот и божествениот јазик на уметноста и да се просветлиме малку во овие времиња кога ни е најмногу потребно. Драги уметници, сцената е ваша, донесете ни го убавото и возвишеното во нашите животи, порача Адеми.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на манифестацијата. Пораката од името на уметниците, пак, ја пренесе најнаградуваниот македонски актер Никола Ристановски.

Ohridsko_leto_nova_1

Годинашното издание на „Охридско лето“ во следните 40 дена ќе понуди богата културно - уметничка програма со гостување на ексклузивни уметници од 27 земји во светот со што Охрид, како и досега така и ова лето, повторно ќе стане вистинска културна метропола, привлекувајќи бројни посетители од земјава и од регионот.

Фестивалскиот оган, на 20-ти август ќе згасне на истото место, како и свеченото отворање, на Античкиот театар, со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци. Станува збор за копродукциски проект на Словенечки народен театар СНГ Драма Љубљана, Цанкариев Дом и Градски театар.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia