Амбасадорот Тимоние го посети министерот Адеми

Денес во Министерството за култура беше во посета амбасадорот на Франција во Скопје, Кристиан Тимоние. Тој беше пречекан од министерот Асаф Адеми ...

ambasador_francija

На оваа средба Амбасадорот му честита на министерот Адеми, пожелувајќи му успешна работа во својата должност.

Министерот му се заблагодари на Амбасадорот Тимоние за посетата и изрази подготвеност за плодна соработка во областа на културата со француските културни институции.

Со почит кон француската култура и за работата на Францускиот институт во Скопје, министерот Адеми изрази добра волја за градење на мостови на соработка и взаемни размени со француските културни институции. 

Амбасадорот Тимоние, од своја страна, изрази благодарност за оваа волја на министерот Адеми и, исто така, изрази, подготвеност за соработка за афирмација на проекти од областа на културата.

 

 

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia