Министерот Адеми ги поздрави „Дебатата за Европа“ и „Традуки“

На денешната сесија од тридневниот настан кој започна вчера во Скопје, „Дебата за Европа“, во организација на Германската академија за јазик и литература, Фондацијата „С. Фишер“ и Фондацијата за култура „Алијанс“ , гостите ги поздрави министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми ...

minister_msu_4

Од македонска страна, партнер во организацијата е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики, со поддршка на „Традуки“.

Министерот Адеми го изрази задоволството што Скопје е домаќин на овој еминентен собир кој, со авторитетот  кој го поседува европската мрежа „Традуки“,  ја промовира Република Македонија како активен чинител во градењето на европ­скиот културен мозаик.

„За нас е голема чест што по успешните дебати во Будимпешта, Букурешт, Атина, Берлин и другите европски градови, Скопје и Република Македонија се  домаќини на овој значаен настан кој е извонредна можност да ги споделиме нашите размисли и искуства за влијанијата на културата и уметноста во овие времиња и значењето на културниот диверзитет. Наша цел е преку сите овие активности да воспоставиме едно долготрајно партнерство како и солидарност во презентирањето на заедничките интереси“, рече министерот Адеми.

minister_msu_2

Меѓу истакнатите интелектуалци, учесни на настанот од Европа и од земјава е и директорката на Фондацијата  „С.Фишер“, иницијатор на престижната мрежа „Традуки“, Анте Контиус. Со неа се сретна министерот Адеми при што беа потвредни заложбите на Македонија да ги негува започнатите процеси со „Традуки“ и да остане активен учесник во региналниот и европскиот контекст.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia