Македонија со „ослободување на просторот“ на 16.Венециско биенале на архитектурата

Со проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) Македонија учествува на 16. Венециско биенале за архитектура кое почна денес и трае до крајот на ноември. Музејот на современата уметност е носител нa проектот, кој го испитува наследството што го остави т.н. „Скопје 2014“. Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, денес го посети македонскиот павилјон во Венеција, оценувајќи го проектот како можност за нови согледувања за начините со кои ќе можеме да се справиме со ова наследство, кое остави белези на архитектурата на главниот град...

venecija_1_alagjozovski_foto_2a

(Дејан Ивановски, Филип Јовановски, фотомонтажа, Археолошки музеј)

Избрани се четири простори кои, според авторите, се вткаени во архитектонската и колективната меморија на Скопје и кои претрпеле коренити промени со „Скопје 2014“: платото на Македонската опера и балет и кејот на Вардар; објектот на Владата, Поштата со телекомуникацискиот центар и објектот на МЕПСО и стоковната куќа (НАМА) на плоштадот „Македонија“.

Комесар на годинешното претставување во Венеција е Зоран Петровски, а автори на проектот се Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски го оцени македонското претставување како уникатно од повеќе аспекти. За разлика од вообичаеното претставување на веќе изработени дела и проекти, ова претставување е посебен проект кој својата промоција ја има токму на Венециското биенале на архитектура и вклучува многу наши, но и странски перспективни и наградувани автори.
venecija_1_alagjozovski_foto_3
На претставувањето на проектот, Алаѓозовски изрази задоволство од тоа што авторите се согласиле за Венециското биенале да подготват проект кој, како што рече, ќе направи една архитектонска дисекција на таканаречениот проект „Скопје 2014“, која отвора можност за нови согледувања за начините со кои ќе можеме да се справиме со ова наследство кое де факто ќе остави белези на архитектурата на главниот град. Според него, овој проект не е само патување низ историјата на современата македонска архитектура преку неколку објекти од „Скопје 2014“.

venecija_1_alagjozovski_foto_1

Кураторите на годинашново македонско претставување во Венеција, Марија Мано Велевска и Слободан Велевски, при неодамнешното претставување на проектот во Скопје ја изложија појдовната идеја - современо читање на градскиот простор, односно потенцирање на вредноста на јавниот споделен простор.

Велевски рече дека проектот локациски се врзува за Скопје и се испитува наследството кое зад себе го остави проектот „Скопје 2014“. Според Велевски, содржината на проектот „Ослободување на просторот“ ја поставиле врз три клучни тези.

venecija_2

„Првата е „Скопје 2014“ не е архитектонски проект, бидејќи во себе ја нема логиката која ја има архитектонската професија - да создава јасна просторна и програмска композиција.

Втора теза е дека неговата единствена вредност е што тој постои и како таков во просторна смисла физички влијае на контекстот на градот во моментот. Трето, сметаме дека современиот градски простор се темели пред сè на важноста на заедничкиот јавен простор во кој се споделува граѓанската различност или различните потреби на луѓето кои живеат заедно“, рече Велевски.

Од МСУ најавија дека овој проект пред македонската публика ќе биде претставен на почетокот на следната година.

venecija_3

venecija_4

venecija_5

venecija_6

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia