Агенцијата за филм со конкретни договори од Канскиот фестивал

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, со директорката на Бугарскиот филмски центар, Жана Караиванова, во Кан го усогласија и потпишаа текстот што ќе биде основа за потпишување на договор за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност ...

italija

На потпишувањето на договорот присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат взаемната соработка.

Пред четири дена (на 13 мај), во рамките на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм потпиша и договор за соработка и со филмската институција од Косово со Арбен Зарку, а почна и со разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од Centre national du cinema (CNC). 

Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи.Агенцијата за филм годинава стави акцент на унапредување и подобрување на промоцијата на Македонија како дестинација за снимање поради што подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. 

Дополнително, на 9 мај во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“, Агенцијата за филм закупи простор за објава со која се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови. 

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia