Обновена музејската поставка во Завод и музеј Струмица

Во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, утре, 18 мај, во 12 часот, свечено ќе биде отворена обновената музејска поставка „Струмица и струмичко низ историјата“...

strumica

Постојаната поставка на Завод и Музеј - Струмица која  е поделена на археолошки, етнолошки, историски и оддел на историја на уметност, се изложени над 1000 исклучително значајни артефакти кои се дел од богатото културно-историско наследство на градот и регионот собирано во минатите 60-тина години. Истовремено поставката  преку мултимедијалниот пристап  ја раскажува приказната за градот Струмица и Струмичко низ историјата.

Во археолошкиот оддел  се претставени артефакти од најраните фази на праисторијата, односно неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време, прибирани од археолошките истражувања во последните 20-тина години на локалитетите Ангелци, Голема трпеза, Цареви Кули и Штучка река.

Strumica_3

Тука се сместени и артефакти пронајдени за време на истражувањата на локалитетите Цареви Кули, Драгулево, Црвено Поле, Термалното лекувалиште во Банско, Орта џамија, Средновековната црква во подножјето на Цареви Кули, Св.15 тивериополски свештеномаченици, Св.40 Севастиски маченици во Банско, црквата Св.Леонтиј во Водоча, Ќерамидарка во Мокриево и други локалитети. Богато илустрираниот период од доаѓањето на словените во регионот па се до ослободувањето на Струмица 1944  е сместен во историскиот оддел.

Етнолошкиот оддел на поставката е застапен со предмети кои ги илустрираат старите струмички занаети, поледелството, сточарството, ловот и риболовот, покуќнината, ткаениците, традицоналниот накит, носиите итн.

Во одделот на историјата на уметност пак се прикажани уметничките творби од регионот кои се однесуваат на иконописот, живописот, како и струмичките ликовни уметници кои твореле во минатите педесетина години.

Strumica_2_1

На осовременувањето на постојаната музејска поставка, и претходеа и активности за реновирање на фасадата во делот на архивската и музејската зграда. Проектот се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia