Изложба на раритетни дела од колекцијата на Штипскиот музеј

Вo Заводот и музеј во Штип, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложбатa „Современата уметност од светлината на музејското депо“, која содржи ликовни дела од современата ликовна македонска уметност што се сопственост на оваа национална институција. Изложбата која презентира досега неизложени дела е дел од програмата на чествувањето на 18 Мај, Светскиот ден на музеите...

stip_2

Како што информираат од НУ Завод и музеј Штип, колекцијата на уметнички дела од современата македонска ликовна уметност содржи повеќе од 350 дела од различни техники создадени во различни временски периоди, меѓу кои над 280 цртежи, акварели, графики и скулптури.  

Дел од овие дела се создадени од основоположниците на македонската современа уметност: Никола Мартиновски, Лазар Личеновски, Димитар Пандилов, Вангел Коџоман, Петар Мазев, Љубомир Белогаски, Димо Тодоровски и други. Во рамките на изложбата ќе бидат претставени и дела создадени од уметниците од втората и од третaта генерација ликовни творци, меѓу кои се и: Чемерски, Ефремов, Крмов, Гуте, Анастасов, Калчевски, Корубин, Вангел Наумовски и други автори кои живееле и твореле во Македонија, а голем дел од нив доживеале афирмација со своето творештво надвор од границите на државава и пошироко. Од аспект на историско значење, во збирката се застапени многубројни дела кои истовремено имаат и значаен историско-документарен карактер.

- Овие збирки-колекции на дела со својата вредност, значењето и ликовноста не само што им парираат на вредностите на светските метрополи на уметноста, туку и ги дополнуваат со исклучително вредни и раритетни остварувања кои го надминуваат локалното и регионално значење и добиваат општо сецивилизациско значење на реликвии во светската културна ризница - нагласуваат од Заводот и музеј Штип.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia