Алаѓозовски во Куманово, ќе се реставрира Спомен костурницата на борците од НОБ

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денеска во Куманово се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски и посети бројни културно-историски споменици. Министерот Алаѓозовски  го најави почетокот на зафатите за реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, нагчласувајќи дека НОБ е нерскинлив и важен дел од нашиот идентитет и државноста и дека борците со своите дела не задолжуваат и заслужуваат максимална почит, која ќе биде на дело докажана со обновата на овој комплекс....

alagjozovski_kumanovo_kosturnica_16_maj_2018_foto_1

Алаѓозовски информираше дека стручен тим формиран од Националниот конзерваторски центар веќе ја согледал состојбата на комплексот, и изготвил проект за конзервација и реставрација на елементите од комплексот. „Започнуваме со практична реализација на проектот за реставрирање на Споменкостурницата на паднатите борци во Куманово, посветена на борците од овој крај кои заедно со борците од Прилеп први се дигнаа против окупаторот и ја одбележаа НОБ“, истакна министерот за култура.

Тој додаде дека комлексот е во лоша состојба, дека има оштетувања на релјефите, на конструкцијата, криптата, мозаичните плочки, од скалите на централното плато, а во лоша состојба се и придружните простории. „Нашите служби и установи во текот на овој период ќе ги извршат сите потребни подготвки во согласност со законската постапка. Подготвени сме проектот да го реализираме доколку биде готов, со зголемени средства од ребалансот, веќе во втората половина на 2018-та година, но во секој случај, ќе го реализираме во 2019“, изјави Алаѓозовски.

Тој истакна дека НОБ е нерскинлив и важен дел од нашиот идентитет и државноста и дека борците со своите дела не задолжуваат и заслужуваат максимална почит која ќе биде надело докажана со обновата на овој комплекс.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски потсети дека овој за овој споменик исклучиво се грижи ЈП „Чистота и зеленило“  и општината. Потсети дека досега се реализаа бројни акции со невалдиниот сектор за одржување на околината на комплексот, но истакна дека споменикот е под ингеренција на државата. „Ја поздравувам иницијативата на Владата на Република Македонија, ресорното Министерство, и ние како локална власт ќе се вклучиме во проектот. Се надеваме дека ќе го вратиме поранешниот сјај на овој објект“, изјави Димитриевски.

Директорката на Управата за заштита на културно наследство, Елеонора Петрова-Митевска, информираше дека управата се грижи за Спомен - костурницата, која е еден од спомениците на културата и додаде дека некои објекти од Куманово кои сега се споменици, имаат тенденција да прераснат во културно наследство, посочувајќи го споменикот „Жена Борец“. Таа најави дека во тек е процедура на прогласување на Занаетчискиот дом, да биде прогласен за значајно културно наследство. „Управата оди во насока сите споменици на културата на територија на градот да бидат ревалоризирани во културно наслерство“, рече директорката Петрова.

Спомен - костурницата е комплекс составен од обелиск и костурници, во кои се чуваат посмртните останки на загинатите борци во НОБ од градот Куманово и Кумановско.

Spomen_Kosturnica-kumanovo

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia