Владата ја усвои информацијата за потребата од рестартирање на музичката продукција на МРТ

Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата за потребата од ревитализирање и рестартирање на музичката продукција на Македонската радиотелевизија (МРТВ), информираше денес на прес-конференција портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски.

MRTV


За подготовка на решението за музичката продукција на МРТ, ќе биде ангажирана работна група од Кабинетот на Претседателот на Владата, министерствата за култура, за финансии, за информатичко општество и администрација, МРТ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Целта е македонската музичка продукција да зајакне и да го има сјајот од минатото, а не како во изминатите 10 години преку субвенции да продуцираме неквалитет“, истакна Бошњаковски.  Тој додаде дека работната група е задолжена во рок од 30 дена по нејзиното формирање да подготви анализа на финансиските импликации и актите на МРТ и до Владата да достави информација за анализата со кои институциите ќе треба понатаму да постапат и практично да се спроведе процесот на ревитализација на музичката продукција на МРТ.

Инаку, во претходните два месеци, Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија и посебната советничка за култура на претседателот на Владата на Република Македонија, Цветанка Ласкова, спроведе јавна расправа, чија цел беше да се слушне ставот на стручната јавност и сите засегнати страни за предлогот за ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио телевизија, подготвен од страна на група стручњаци составена од проф. Живоин Глишиќ, проф. Кире Костов, Славе Димитров, Љупчо Мирковски и Будимка Имери.

Се одржаа 4 големи јавни средби/дискусии: на 26.03.2018 во Клубот на пратеници во Скопје, на 25.04.2018 во Дом на млади во Штип, 02.05.2018 во Центарот за култура во Битола и на 09.05.2018 во Центарот за култура во Тетово, на кои учествуваа над 250 претставници на установите од областа на културата на национално и локално ниво, претставници на образовни институции кои нудат музичко образование, претставници на културно - уметнички друштва, ансамбли, групи и оркестри, музички продукции, фестивали, истакнати музичари, композитори, претставници од музичките здруженија, од МРТВ, АВМУ и од МИОА итн.

Сите присутни на јавните расправи дадоа едногласна поддршка за идејата за ревитализација на музичката продукција на МРТ и побараа од надлежните институции што побргу да пристапат кон реализација на овој концепт.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia