Алаѓозовски и Шилегов со писмо за намери, во 2019 почнува реконструкцијата на Универзалната сала

Министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денес потпишаа писмо за намери, со кое се дефинираат активности за унапредување на културата на подрачјето на градот преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала, која што веќе две години е затворена за посетители.  Предвидено е реконструкцијата на објектот да започне во 2019 година...

alagjoovski_shilegov_univerzalna_15_maj_2018_foto_1

Министерот Алаѓозовски на денешната прес конференција во Универзалната сала истакна дека таа е од исклучително значење за остварување на јавниот интерес во културата и културните потреби на граѓаните и на Скопје како културен центар на државата.

„За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа Универзалната сала, нема соодветен простор за културно - уметнички манифестации меѓу 1.000 и 5.000 илјади луѓе. Во моментов нашите национални установи од културата во Скопје, филхармонијата, операта, Македонскиот народен театар и другите театри излегуваат во пресрет за да се надомести овој недостиг, но тоа создава дополнителни предизвици во нивната редовна дејност“, посочи Алаѓозовски, изразувајќи уверување дека одличната соработка со Град Скопје ќе резултира со објект што ќе се изгради со максимална одговорност кон парите на граѓаните, ќе биде максимално функционален, ќе придонесе за уште поголемо раздвижување на културната сцена и реализирање на потребите на граѓаните и ќе биде повторно гордост на нашиот главен град.  

alagjozovski_shilegov_univerzalna_15_maj_2018_foto_2

Градоначалникот Шилегов потенцираше реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт, а дека од сите најави за промени, реконструкции и изградби се реализираше само промената на името на јавната установа.  

„Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Ниту претходната локална, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала. Години наназад никој не инвестираше во овој објект. Години нанзад Универзална сала пропаѓа, рече Шилегов.

Градоначалникот на Скопје со став дека Универзална сала треба да се врати онаква како што била и повторно да претставува културно средиште на нашиот град. Најави дека изградбата на салата ќе биде според најсовремените стандарди за безбедност, удобност на гледалиштето и пристапност. Изгледот и функционалноста ќе бидат задржани со дополнителни содржини за други културни манифестации.

alagjozovski_shilegov_univerzalna_15_maj_2018_foto_4

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia