Алаѓозовски во Пловдив, се договара македонското претставување во Eвропската културна престолнина за 2019-та

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски престојува во Пловдив, Република Бугарија,  на интензивна работна посета на покана на градоначалникот на Пловдив,  Иван Тотев и Министерството за култура на Р.Бугарија, вклучувајќи серија работни состаноци и меѓународни настани што се реализираат деновиве за промовирање на содржините што ќе ги понуди културната престолнина на Европа за 2019 година...

alagjozovski_festival_plovdiv_10_maj_2018_foto_naslovna_1

Цел на посетата на министерот Алаѓозовски е да ја договори програмата, присуството и претставувањето на Македонија во рамки на програмата на Пловдив – Европски град на културата за 2019-та година. 

Тој денес оствари средба со неговиот домаќин, градоначалникот на Пловдив Тотев, со кој разговараа во детали за можностите Македонија и нашите уметници да добијат одлични услови за претставување на македонската култура во Пловдив идната година.

alagjozovski_festival_plovdiv_10_maj_2018_foto_naslovna_2

Министерот Алаѓозовски оствари срдечна средба и со заменик-министерката за култура на Р.Бугарија, Амелија Гешева, со која утре ќе разговараат поподробно  за конкретните чекори за интензивирање на соработката и во други сфери. Ќе се разгледуваат деталите на заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј и културната програма за Рим, соработката  во Европската мрежа Традуки, во заштитата на културното наследство, за Балканскиот Тв фонд и други иницијативи.

Предмет на заеднички интерес и редовна комуникација која се одвива помеѓу раководителите на двете министерства  е заеднички настап пред европски фондови и создавање финансиски механизми за регионална културна соработка. На овие теми во сабота ќе следува работна средба помеѓу министрите Боил Банов и Алаѓозовски.

alagjozovski_festival_plovdiv_10_maj_2018_foto_6_zamenicka

Денес, Алаѓозовски и неговите домаќини учествуваа и говореа на отворањето на Меѓународниот фестивал на поезијата „Орфеј“,  што е промотивен настан за претставување на Пловдив како европска културна престолнина за 2019-та година. Во обраќањето Алаѓозовски рече дека поетите се гласници на вистината,  тие заслужуваат поддршка да чекорат цврсто и храбро и преку моќта на зборот постојано да ги предизвикуваат, отвораат и изоструваат нашите перцепции и хоризонти.

glavna_plovdiv

Доаѓајќи од земја во чија уметност поезијата има важно место и каде се организира една од најзначајните светски поетски манифестации - Струшките вечери на поезијата а и Манифестацијата Деновите на Наим со која овој фестивал соработува, Алаѓозовски истакна дека му е драго што е на Меѓународниот фестивал на поезијата „Орфеј“, кој е предвесник на разновидните настани што ќе се случуваат тука идната година, обединети во желбата на размена на контакти, идеи, инспирација, искуства и можности за креативност.

„Поезијата, литературата, книгите - се сведок на времето, на човечките капацитети и напори да создаваат реални и имагинарни светови и да пренесуваат пораки за богатството на животот, меѓусебното разбирање и толеранција. Тие се мисионери на светлината на знаењето, симбол на цивилизациската надеж, стремеж за напредок и дијалог што треба да го негуваме и браниме како суштина на човековото постоење. Затоа е одлична идејата овој фестивал да биде предвесник на визиите и погледите на уметноста кон подобра, заедничка иднина што очекуваме да ги видиме идната година во Пловдив како европска културна престолнина“, истакна министерот Алаѓозовски на отворањето на Меѓународниот фестивал на поезијата во Пловдив. 

alagjozovski_festival_plovdiv_10_maj_2018_foto_4_zamenicka

alagjozovski_festival_plovdiv_10_maj_2018_foto_4_govorplovdiv_so_nasite_poeti_10_maj_2018_foto_2plovdiv_so_nasite_poeti_10_maj_2018plovdiv_orfej_grupna

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia