Мајски оперски вечери се нашата европска иднина, порача премиерот Заев на отворањето

Со Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и традиционалниот фестивалски оган што го запали првенката Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет беасвечено отворени 46. Мајски оперски вечери. Пред почетокот на премиерата на „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ, во присуство на министри од Владата, амбасадори и вљубеници во оперската уметност, се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Настанот го поврза со Денот на Европа и рече дека како домаќин на гости од повеќе земји од регионот и Европа, фестивалот испраќа силна порака за здружување на различностите. 

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_1

„ Цело е кога има сѐ, а културата го знае најдобро тоа што политиката се обидува да го прави - да зближува, да разбира, да почитува, да негува, да гради мостови на пријателства, на доверба и на иднина. Затоа, мојата порака е: да слушнеме што воспеваат Мајските оперски вечери од Скопје, што нѐ прави достоинствени - тоа е непроценливото богатство на различностите споени во едно. Тоа е нашата заедничка европска иднина“, истакна претседателот на Владата прогласувајќи го фестивалот отворен.

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_zaev

Мајските оперски вечери со сите подеми и падови во речиси половина век постоење сепак успеаја, рече Заев, да останат верни на својата базична идеја за космополитизам.  Таа своја одлика Вечерите ја имаат и на годинашното издание зашто во програмата учествуваат уметници од Бугарија, Австрија, Италија, од Босна и Херцеговина.

Годинава фестивалот е во знакот на 160 години од раѓањето на Пучини и се одржува  под мотото „Го славиме Пучини“. Операта „Боеми“ се враќа на сцената на МОБ по пауза од 11 години. Режисер на обновената премиера е  Дејан Прошев, диригент Џанлука Мартиненги од Италија. Во улогите се 12 оперски солисти, а настапува хорот и оркестарот на МОБ.

В.д директорот на МОБ Ќазим Асотиќ на отворањето рече дека новата премиера „Боеми“ е целосна продукција на МОБ. „Сите перики, костими, декор и реквизити беа изработени во нашите работилници и од наши мајстори, што е огромен успех за нашата куќа“, рече Асотиќ.Сценографијата е на Зоран Николовски, костимграф е Марија Пупучевска.

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_2

До крајот на месецов на фестивалот ќе бидат изведени уште четири опери - „Тоска“ и „Турандот“ од Пучини, „Змејот од Босна“ (гостување на повеќе од сто учесници од Националната опера на Босна и Херцеговина) и „Аида“ од Џузепе Верди на затворањето на 31 мај. Ќе има и два гала-концерта - „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги.

Вечерва, во рамки на МОВ ќе биде промовирана книгата „До ре ми фа Соле“ од Аки Нуредини кој потекнува од Камењане, а живее во Виена и е сопственик на познатиот италијански ресторан „Соле“ во близина на Виенската опера. Нуредини важи за амбасадор на македонската култура во Европа, голем хуманитарец и личен пријател со голем број светски оперски ѕвезди. Нуредини е почесен граѓанин на мултикултурна Виена и Австрија.

Во присуство на авторот, книгата во фоајето на МОБ во 20 часот ќе ја промовира познатиот италијански балетски кореограф и режисер Ренато Занела, кој бил и уметнички директор на Виенската државна опера, како и уметнички директор на Грчкиот национален балет во Атина.

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_3

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_4

otvoranje_mov_9_maj_2018_foto_5

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia