Театрите во Скопје со богат и разновиден мајски репертоар

Премиерни изведби, многу претстави од редовниот репертоар, меѓународни гостувања, но и гостувања на претстави од регионот во нашата земја, се само дел од содржините што ќе ги понудат театарските куќи во главниот град во мај...

duh_teatri_maj_2018


На големата сцена на Македонскиот народен театар на 16 мај ќе биде прикажана една од најгледаните претстави во МНТ, „Не се клади на Енглези“, во режија на Синиша Ефтимов. На 21 мај е предвидено репризното издание на претставата „Дух“ во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, а за 31 мај е закажана изведбата на претставата „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски.

На малата сцена, пак, на репертоарот на МНТ се претставите „Кец на десетка“, со која започна мајската програма,  „Голем студ“ (14 и 15 мај), „Силјан штркот шанца“ (29 мај) и „Разговор во четири очи“ (30 мај). Во текот на мај се предвидени и повеќе меѓународни гостувања на Македонскиот народен театар, а на сцената на овој театар ќе бидат прикажани и неколку дела од театрите од регионот. Вечерва, „Ничија земја“ гостува на 17-тото издание на Фестивалот на босанскохерцеговската драма во Зеница, а на 19 мај оваа претстава ќе биде изведена на Меѓународениот театарски фестивал во Благоевград, Бугарија. Вечерва,  „Разговори во четири очи“  гостува во Театарот во Велес. На 23 мај ќе биде прикажана претставата „Царство небеско“ на Народно позориште од Белград, Србија, додека, пак, на 29 и на 30 мај на сцената на МНТ ќе биде изведена претставата „Ајнштајновите  сништа“, во режија на Слободан Унковски, гостување на Југословенско драмско позориште од Белград.

Let_nad_kukavicjoto_gnezdo_Dramski_teatar_1

Репертоарот на Драмскиот театар во мај започнува со премиерната изведба на претставата „Странци“ (12 мај), а оваа претстава претпремиерно ќе биде прикажана и претходниот ден, но и на 19, 22 и на 30 мај. За 15 и 31 мај е предвидена изведбата на претставата „Партија реми“ со Маја Вељковиќ-Пановска и Ѓокица Лукаревски во главните улоги, за 17 мај претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, а за 18 мај „Како да се ограби банка“, која на 23 мај ќе гостува во Тетово како дел од програмата на четвртото издание на Мeѓународната културна манифестација „Денови на Иљо 2018“. На 21 мај на репертоарот на Драмскиот театар е монодрамата „Европа во годината 1942“, а на 29 мај претставата „Ревизор“ на Факултетот за драмски уметност.

Турскиот театар на сцената во Театарот Комедија на 10 мај ќе ја одигра претставата „Отело“, во режија на Дејан Пројковски, додека, пак, на 17 и на 31 мај со почеток во 14 часот на малата сцена е предвидена изведбата на претставата „Халифот штрк“.

На 24 мај на сцената на Театарот Комедија, Албанскиот театар од Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Смртта на Дантон“ од Бихнер, во режија на Дино Мустафиќ.

Zena_mi_se_vika_Boris_Teatar_Komedija

Ансамблот на Театарот Комедија на 2 мај на својата матична сцена  ја изведе претставата „Нешто пропуштаме“, додека пак на 3, 18 и 30 мај на репертоарот е хит-претставата „Вардарски пастуви“. На редовниот репертоар се и претставите : „Жена ми се вика Борис“ (4 и 23 мај), „Дони Дарк“ (5 мај), „Чао пријатно“ (6 и 20 мај), „Бракот е брак“ (8 мај), „Стјуардеси“ (9 и 22 мај), „Не сега драга“ (11, 16 и 29 мај), „Прво ќе ме земеш, после ќе ме..“ (12 мај). Во втората половина од месецот ќе биде прикажана претставата „Сон на летната ноќ“ (15 мај), а на последниот ден од мај (31 мај) претставата „Стјуардеси“ ќе биде изведена пред публиката во Струмица.

На сцената на Театарот за деца и младинци во мај ќе бидат изведени повеќе претстави.  Репертоарот започна со  „Пепелашка“ и со „Гига мега бајка“ , потоа се играа „Тоби“ и „Грдото пајче“, а за в четврток е најавена „Бајка за царот Нај“,потоа  „Тоби“ (11 мај), „Мачорот в чизми“ (12 мај) и „Црвенкапа“ (13 мај). Во втората половина од мај на сцената на оваа театарска установа ќе биде прикажана и младинската претстава: „Еднаш свет изградив“ (16 и 30 мај), како и претставите: „Гига мега бајка“ (17 мај), „Цветната улица“ (18 мај), „Снежната кралица“ (19 мај), „Волшебникот од Оз“ (20 мај), „Пипи догиот чорап“ (26 мај), „Могли“ (27 мај) и „Волшебната флејта“ (31 мај).

Volsebnata_flejta_TDM

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia