Нова меѓународна соработка, меморандум со реномираната Политехничка школа од Лoзана

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски престојува во Лозана, Швајцарија, по повод воспоставување на официјална соработка помеѓу Министерството за култура на РМ и Федералната политехничка школа на Лозана (Ecole Polytechnique Fédérale de Lausanne - EPFL), преку Лабораторија за уметности и науки во Лозана (LAPIS). Денес министерот Алаѓозовски ќе го посети EPFL со цел да потпише Меморандум за разбирање...

lozana_plakat_7_maj_2018

 

За време на посетата, министерот за култура Алаѓозовски ќе учествува и на тркалезната маса на тема “Културна инфраструктура во балканските градови”. Целта на дискусијата е да се продлабочи разбирањето за тоа како културните системи ја произведуваат, обликуваат и конзумираат “културната инфраструктура на балканските градови”.

Со овој настан ќе се одбележи почетокот на соработката помеѓу LAPIS-EPFL и Urban Think Tank (лабараторија на Swiss Federal Institute of Technology in Zurich), со цел да се прошират потенцијалите околу предложената тема. Urban Think Tank веќе има значително вклучување и искуство на оваа тема во балканскиот регион.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia