Свечено отворен 27.Меѓународен фестивал Пролетни веселби во чест на Х'дерлез

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, претставници на Владата, пратеници од Собранието на Република Македонија, локалната самоуправа во Валандово, денеска во валандовско с.Чалакли присуствуваа на свеченото отворање на 27.Меѓународен фестивал Пролетни веселби во чест на празникот Х'дерлез, кој од неодамна е впишан во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО...
hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna_glavna

На настанот со меѓународно значење, со оглед дека по заедничка апликација на Македонија и Турција, во декември 2017-та УНЕСКО го запиша во Репрезентативната листа за нематеријално културно наследство, присуствуваше ополномоштен претставник од УНЕСКО од Турција, претставници од амбасадата на Република Турција во земјава, на културно-уметнички друштва на двете и други земји, многу гости и медиуми.

hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna_2

-Ете ова е нашата убава Република Македонија. Овде сум, во валандовско Чалакли и ќе речам: Да е Честит Х`дерлез, среќа и бериќет за сите! Да бев во скопско Шуто Оризари, ќе кажев: Да е честит Ѓурѓовден, и пак со истата желба, среќа и берикет за сите! Можам да кажам и: Нека е честит Денот на Свети Ѓоргија, што се чествува во многу семејства во Македонија. Што и да кажам, нема да згрешам. Еве го нашето едно општество – на дело, рече премиерот Заев во воведното обраќање. 

Претседателот на Владата, Заев, додаде дека "овој спој на различности, обичаи, старини, традиции, бои, вкусови во Македонија - е Европа во мало и ова, непроценливо културно – историско богатство, Република Македонија е подготвена да го сподели со Европската унија, кон каде што стремиме како граѓани и како држава".
-Ќе им додадеме вредност на Европската унија и на светот, знаат и тие. Затоа што Република Македонија докажа, како, ако се има желба да се сака, живее и работи заедно – може!, рече премиерот Заев. 
hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna_1
Тој изрази благодарност до УНЕСКО што организацијата го препозна значењето на Хид Бах Шен фест, како што е називот на настанот и ја прифати  мултинационалната апликација. -За прв пат, оваа 2018 година, Х`дерлез во Чалакли, Република Македонија се организира под покровителство и на УНЕСКО. Чалакли од Валандовско, денеска е една од точките во светот на заеднички култури.  Ова заедничко организирање е порака за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Турција на дело, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев додаде дека во високите приоритети на Владата е изградбата на општество еднакво за сите што вклучува и овозможување еднакви културни права за сите.

-Културата во Македонија е сплет на повеќе културни традиции и затоа се заложуваме за афирмација на интеркултурата. Во интеркултурното општество, учиме еден од друг, меѓусебно си влијаеме, стануваме подобри луѓе и граѓани, грижејки се едни за други. Уверен сум дека Хид Бах Шен фест и натаму ќе се развива и ќе биде охрабрувачки пример за останатите помали заедници и региони да блеснат со својата оригиналност.  Од Чалакли ја испраќаме пораката до светот дека се остварливи заложбите на УНЕСКО за поедноставно решавање на секоjдневните животни предизвици, низ јакнење на интеркултурниот дијалог и унапредувањето на меѓународната соработка. Честит Х'дерлез! Хдрелез Кутлу Олсун! (Hıdırellez Kutlu Olsun!), порача во обраќањето премиерот, Зоран Заев.
hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna

На Пролетните веселби во Чалакли што традиционално ја слават пролетта, а жителите си посакуваат богат род и благосостојба во семејствата се обрати и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

-Оваа мултинационална апликација што ја поднесовме со Република Турција, како и другата успешна апликација за впишување на обичајот „Мартинки“ во листата на УНЕСКО на која работевме заедно со институциите на Бугарија, Романија и Молдавија, претставуваат вистински патоказ за правецот во кој треба да се развива регионалната соработка, порача министерот Алаѓозовски.

Културата е поле преку кое најдобро се изразуваат верувањата, светогледите, потребите во општествениот живот и "културата на помалубројните заедници е големо богатство на Македонија, таа заслужува почит", дополни министерот Алаѓозовски. Тој порача дека преку поддршката на Владата на Република Македонија и Министерството за култура на фестивалот во Чалакли, уште еднаш е истакната недвосмислена заложба на Владата за унапредување на правата на сите граѓани на Македонија, за изградба на едно општество, со еднакви права.

-Тоа го покажавме преку давање поддршка на различни манифестации на културата и уметноста на помалубројните заедници, како и преку нивното вклучување во сите важни стратешки процеси. Ве уветувам дека нашата посветеност за поддршка и одржливост на културата на помалубројните заедници ќе расте и дека активностите за унапредување на културата на нашите сограѓани од помалубројните заедници ќе се интензивираат, рече во обраќањето министерот Алаѓозовски.

hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna_3

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, порача дека општината ќе продолжи да ги поддржува вековните традиции. "Ќе ги поддржуваме различностите, како низ овој нaстан, со тоа покажуваме дека како народи цивилизциски сме израснале", рече Костадинов.

Претседателот на фестивалот, Шенол Тахир појасни дека манифестацијата почнала пред 30 години, како Панаѓур, а денес е под заштита на УНЕСКО и порача тој да биде пример како ако нешто се сака, дека во тоа може да се опстои и да се постигне успех. 
Ирфан Насраттиноглу почесен претседател на Фестивалот и почесен претседател на Фолклорно-истражувачко биро од Анкара се заблагодари што е прогласен и за почесен граѓанин на Валандово, како и среќен што се остварени неговите заложби, фестивалот да добие меѓународно значење.

Претседателот на организацијата МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин посочи дека овој настан денеска во Чалакли е слика за мултикултурализмот во Република Македонија и му се заблагодари на премиерот Заев, како прв претседател на влада на Република Македонија, кој е присутен на фестивалот.

hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_5

Ополномоштениот претставникот од УНЕСКО од Турција, Метин Екиџи, соопшти дека носи топли поздрави од секој град од Република Турција. Значењето да се биде на оваа листа на УНЕСКО, значи даден збор пред светската јавност дека ќе го развиваме и чуваме ова заедничко добро, порача претставникот на УНЕСКО, Екиџи.

На Пролетните веселби во чест на Х'дерлез во Чалакли, Валандовско, настапија културно - уметнички друштва од Македонија и Турција, како и други земји од регионот, имаше изложба на старини, традиционални јадења и фотографии, беа доделени плакети, а беше врачен и Сертификатот од УНЕСКО со којшто Пролетните веселби во Чалакли се признаени од оваа светска организација за заштита на културното наследство, во листата нематеријално културно наследство на човештвото.

hdrlez_zaev_alagjozovski_foto_1
hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_4hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_3

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia