Македонија одбележува 115 години од смртта на Гоце Делчев

Македонија денес одбележува 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев. Одбележувањето започна со панихида на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, каде што делегации на повеќе институции му оддадоа почит и положија цвеќе. Делегацијата на Владата на Република Македонија ја предводеше премиерот Зоран Заев, а во нејзиниот состав беа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, за труд и социјална политика Мила Царовска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи...

goce_delcev_polozuvanje_cvekje_4_maj_2018_foto_1

Скопје, 4 мај 2018 (МИА) Цвеќе пред гробот на Гоце Делчев положија и делегации од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието, Армијата, Сојузот на борци, претставници на политички партии, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и други делегации.

Панихида во спомен на македонскиот револуционер одржа поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. 

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. 

goce_delcev_polozuvanje_cvekje_4_maj_2018_foto_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia