Интензивни активности на министерот Алаѓозовски во Црна Гора и мрежата „Традуки“

Делегација на Министерството за култура на Република Македонија, предводена од министерот Роберт Алаѓозовски престојува во Црна Гора, каде што  има интензивни активности во рамки на состанокот на Управниот одбор на Европската мрежа за литература и превод „Традуки“. По неодамнешниот прием во „Традуки“ во ноември 2017-та, Македонија ја интензивира соработката во рамки на Мрежата. На средбите се обезбеди поддршка за повеќе преводи на македонски издавачки куќи и за два книжевни фестивали што ќе се одржуваат во Скопје...

Crna_Gora_4

На средбата на Мрежата е договорено Македонија да биде домаќин на следната средба на „Традуки“ на крајот на октомври 2018 година. Освен тоа, во рамки на состанокот на „Традуки“ во Црна Гора, се одржа книжевна средба на која беа претставени тојца автори од регионот, а меѓу нив беше и Фросина Пармаковска, како претставник од најмладата книжевна генерација во Македонија.

Министерот Алаѓозовски оствари средба и со министерот за култура на Република Црна Гора, Александар Богдановиќ и министерката за култура на Република Албанија, Мирела Кумбаро Фурџи, при што се потврди одржувањето на претстојната трилатерална министерска средба на 6 јуни во Охрид.

Насоките за одржување на оваа министерска средба пред 42. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО беа дадени од Антена Канцеларијата на ЈИЕ на УНЕСКО за време на министерската средба на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (CoMoCoSEE) на 4 април 2018 година во Сараево.


alagjozovski_kumbaro_cg_minister_traduki_crna_gora_25_april_2018

Средбата ќе се организира со цел да се разменат искуствата во спроведувањето на акциските планови, стратешките и законските рамки меѓу градовите Котор и Охрид, градови на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Воедно, на состанокот ќе се разговара за усогласување на активностите за управување со Охридскиот Регион со Република Албанија, која неодамна до Центарот за светско наследство на УНЕСКО го достави досието за проширување на веќе впишаното добро на листата на УНЕСКО на светско наследство на „природно и културно наследство на Охридскиот регион и на територијата на Република Албанија“.


Crna_Gora_2


Инаку, во македонската делегација во Црна Гора е и в.д. директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов, кој имаше интензивни средби при што договори конкретна соработка со три музеи од Црна Гора, меѓу кои и со Музејот на Подгорица. Договорена е и реализација на заедничка изложба со Народниот музеј на Црна Гора и на Музејот од Цетиње со наслов „Немаштијата на крајот на Првата светска војна“, која ќе се реализира во Скопје, Љубљана и во Цетиње на крајот од оваа година.


Crna_Gora_1

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia