Одбележување на Светскиот ден на уметноста

Во Музејот на град Скопје, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Св. Наум како ликовен сон“ од австрискиот уметник Бернхард  Холеман ...

Hollemann_2018_Pokana

Древниот манастир Свети Наум од крајот на деветиот век е место каде што со векови се таложеле културни наслојки и се вкрстувале цивилизации и култури.

Токму овој манастир бил и  инспирација за ликовниот уметник Бернхард Холеман кој неколку години во летните месеци престојувал во манастирските конаци. Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор  се  културно –цивилизациски континуитет,  со несомнен  придонес  во градењето на европската ризница на културни вредности.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, 15-ти април, денот кога е роден големиот гениј на италјанската и европската ренесанса Леонардо да Винчи.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia