Богат априлски репертоар на театрите низ Македонија, премиери во Битола, Прилеп, Струмица, Куманово

Во текот на април, националните театарски установи и театрите кои дејствуваат во состав на центрите за култура ќе понудат богата театарска програма. Пред публиката ќе бидат прикажани неколку премиерни изведби, како и голем број претстави од домашни автори, но и квалитетни дела од светската драматургија...

ekipa_za_premiera_na_Cezar____Bitolskii_teatar_1

Народниот театар во Битола на почетокот на овој месец два пати ја играше претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. На 4 април, на репертоар беше „Пијани“, работена по текст на Иван Вирипаев, а во режија на Марјан Ѓорѓиевски,која по прикажувањето во Кичево, ќе биде одиграна и пред публиката во Скопје, а на 19 април, на сцената на Народниот театар во Битола, ќе може да ја проследи и битолската публика.
На репертоарот на 10 и на 12 април е претставата „Сон на летната ноќ“, на 11 април претставата „Грета од Фауст“ во режија на Димче Николовски, додека, пак, на 14 април,  актерот и стендап-комичар Маријан Ѓорѓиевски репризно ќе ја презентира претставата „Кокошка“, еден од најпоставуваните текстови на современиот руски драматург Николај Кољада.
За 16 и 18 април се предвидени две репризи на претставата „Дупло дно“, по текст од Горан Стефановски напишан во 1983 година, во режија на Ангелчо Илиевски. На 20 април гостува стендап-комичарот Никола Тодороски, а на 21 април на репертоарот е претставата „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андраш Урбан.
На 28 април е закажана премиерната изведба на претставата „Јулие Цезар (Res publica или coza nostra)“ од Шекспир, во  режија на Златко Паковиќ од Србија, која репризно ќе биде прикажана и на 30 април.
Analfabet_Ohridski_teatar
Во Народниот театар - Охрид, публиката на 7 април ја проследи претставата „Импровокација“, која е мега забавен продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура, по што следува изведбата на претставата „Аналфабет“, комедија според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе се игра и на 30 април.
Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, овој месец има три изведби на претставата за деца „Дороти се враќа во Оз“, а следната е на 16 април. На 14 април на репертоарот е претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae, veneris, hirstoriae) во режија на Наташа Поплавска. На 20 април пред публиката во Прилеп ќе биде изведена претставата „Ништо без Трифолио“, во режија на Коле Ангеловски, а за 28 април е закажана премиерната изведба на претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.
pretstava_Kralski_kopilinja_Veleski____teatar
Во Театарот во Велес на 10, 14, 18 и на 25 април публиката ќе може да ја проследи претставата „Тоалет за дами“ работена според текст на Родолфо Сантана, во режија на Дејан Дамјановски. За 11, 21 и 28 април е закажана репризната изведба на претставата „Кралските копилиња“, а на 12, 19 и 27 април на репертоарот е комедијата „Вдовицата се мажи“ од Чехов, во режија и адаптација на Младен Крстевски. Претставата „Синиот портокал“ пред велешката публика ќе биде одиграна на 13, 20 и на 26 април. На 29 април предвиден е и настап на стендап-комичарот Никола Тодороски.
На сцената на Театарот во Струмица на 27 април ќе биде изведена претставата „Второ пришествие“, во режија на Васил Михаил, која се изведе и на 4 април. На 13 април е претставата „Џон Габриел Боркман“ од Хенрик Ибзен, а на 14 април се игра  „Дванаесеттата ноќ (Спроти Водици)“ во режија на Дејан Дамјановски. На репертоарот на овој театар на 17 април е претставата „Царот Владислав“ од Борис Јанков, во режија на Бранко Ставрев, а на 19 април претставата „Идиот“ од Достоевски во режија на Горан Тренчовски. На 25 април ќе биде изведена претставата „Таа“ од Даниела Колева, во режија на Васил Михаил, а на 28 април се очекува премиерно да биде изведена аматерската претстава „Трошки надеж“.
На 4 април, Кумановскиот театар имаше премиера на на детската претстава на албански јазик „Заспаниот крал“, која репризно се играше и на 5, а се изведува и на 10 април. Комедијата „Бегај еве ја жена ти 2...“, во режија на Коле Ангеловски, на репертоарот е на 11 април, а претставата „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи, ќе се прикажува на 12, 13, 26 и на 27 април.
Претставата за деца „Јованче и Марика“ пред публиката во Куманово ќе биде изведена на 14, 16, 17 и на 18 април, а на 19 април ќе биде прикажана претставата „Интрига и љубов“. За 20 април е закажана премиерна изведба на претстава подготвена од учениците од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово, која ќе има реприза и на 21 април. Месецот ќе биде заокружен со претставата „На погрешно место во погрешно време“ во режија на Мирослав Петковиќ, која ќе биде изведена на 25 април. 
pretstava_Umri_maski_Stipski____teatar
На сцената на Народниот театар во Штип на 10 и на 12 април се предвидени репризи на претставата „Богот на масакрот“ од Јасмина Реза, во режија на Нела Витошевиќ, на 14 април ќе биде прикажана претставата „Волшебната ноќ“, додека, пак, на 26 април на репертоарот е претставата „Умри машки“ по текст на Николај Алдо, во режија на Кoле Ангеловски.
На сцената на Театарот во Тетово на 12, 19 и на 26 април на репертоар е комедијата „Волпоне“ од Стефан Цвајг, во режија на Сулејман Рушити.
Во текот на април во центрите за култура, во чиј состав се и театарските институции, ќе се реализираат и други содржини од сите дејности од областа на културата, изложби, концерти, филмски проекции и слично.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia