Заменик – министерот Лазовски во Софија, се зголемува и конкретизира културната соработка

Заменик министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски престојува во официјална посета на Република Бугарија.  Тој денес, придружуван од директорот на Македонскиот културен центар, Сашко Насев,  оствари средба со заменик- министерката за култура на Република Бугарија, Амелија Гешева, додека вчера присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на театарот во Македонскиот културен центар во Софија, каде гостуваше Велешкиот театар со претставата „Синиот портокал“...


lazovski_gesheva_sofija_30_mart_2018_foto_1

На денешната средба, во исклучително пријателска атмосфера, заменик – министрите за култура Гешева и Лазовски разговараа за повеќе конкретни аспекти за интензивирање на културната соработка меѓу двете земји.

Договорено е формирање на работни групи кои ќе ги спроведат подготовките за потпишување на новиот договор за културна соработка помеѓу Бугарија и Македонија, со оглед на тоа дека стариот договор е истечен во 2017 година. Воедно, Лазовски и Гешева разговараа и за европските фондови и можностите за заеднички настапи на институциите и организациите од двете земји во билатерални и мултилатерални проекти.

Заменик – министрите ги поздравија срдечно потпишаните меморандуми за соработка меѓу Театарот Комедија од Скопје и Театарот од Благоевград,  како и меморандумот помеѓу Театарот „Иван Вазов“ од Софија и Македонскиот народен театар за балканска културна соработка. Беше нагласено дека ова е одличен правец за конкретизирање и интензивирање на културната размена, а воедно во мошне скоро време се најави и потпишување на меморандум за соработка помеѓу Варнанско Лето и Охридско Лето.

Гешева и Лазовски разменија искуства и за процесите на децентрализација во културата. Заменик – министерот Лазовски упати отворена покана до заменик – министерката Гешева за посета на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на Охридско лето.

Инаку, на вчерашното одбележување на Светскиот ден на театарот со гостувањето на Велешкиот театар во Македонскиот културен центар во Софија, Лазовски прочита дел од македонската порака напишана од актерот Сашко Коцев.

lazovski_sofija_30_mart_2018_foto_2

„’Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на нашите лица и да проговориме за вистината. Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои нѐ натерале да се бавиме со оваа професија. Да го замениме стремежот кон конформизам и благосостојба, кои во принцип значат креативна смрт за уметникот, со несебична борба за промена од моменталниот културен стриптиз во создавање здрава културна матрица’ - е дел од пораката на нашиот колега Сашко Коцев.

Можам само да додадам дека овие стремежи се предизвик но можат да се постигнат, а патот до напредокот води преку соработката и градењето мостови. Во оваа насока, почитувани, сакам да потсетам и нагласам дека нашите земји имаат традиционално добри односи во културата во сите дејности, за чие унапредување постои недвосмислена волја кај двете страни. Уметниците и институциите во сите сфери соработуваат на индивидуално ниво, како и во програмите на најразлични манифестации“, истакна заменик -министерот Лазовски пред присутните гости во Македонскиот културен центар во Софија.  

lazovski_sofija_30_mart_2018_foto_4

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia