Средба Лазовски - Јаздгерди: Поддршка за обнова на екс-југословенскиот павилјон во Аушвиц - Биркенау

Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски денес оствари средба со Томас Јаздгерди, специјален пратеник за Холокаустот  во Стејт Департментот на САД.  На средбата се разговараше за одбележувањето на 75 - годишнината на холокаустот на Евреите од Македонија, а се дискутираше поконкретно и за проектот “Образование за холокаустот и меѓукултурното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на екс-југословенскиот павилјон во Аушвиц-Биркенау“...

lazovski_state_depratment_holokaust_13_mart_2018_foto_naslovna

На средбата во Министерството за култура во Скопје, високиот пратеник на Стејт Департментот на САД изрази задоволство од посетата на нашата земја по повод одбележувањето на 75 години од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, при што имал можности да присуствува на комеморативните настани во Скопје и Битола. За време на неговиот престој, Јаздгерди ги посетил и еврејските гробишта во Битола, а реализирал и средби со директорот на Музејот на холокаустот во Скопје, градоначалничката на Битола и др.

Заменик - министерот Лазовски го информираше г. Јаздгерди дека проектот, отпочнат од 2011 година, е заеднички развиен од страна на шест држави (Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија и се фокусира на обновување на на екс-југословенскиот павилјон  - Блок 17 во Аушвиц - Националниот музеј на Аушвиц - Биркенау, како и создавање на заедничка постојана изложба. Покрај тоа, проектот има за цел трансформирање на дел од реновираната зграда во форум посветен на учење и размена, со помош на иновативни приказни, толкувања и музеографски прикажувања на холокаустот. Заменик-министерот Лазовски информираше дека проектот го координира УНЕСКО, со оглед на тоа што Музејот Аушвиц – Биркенау е впишан на листата за светско културно наследство и дека досега се одржани 6 состаноци на Координативното тело (Меѓународен управен комитет) а последниот состанок е одржан во Љубљана 2015 година. За реализација на проектот побарани се средства од Европскиот парламент од страна на Словенија како земја членка на Европската Унија во име на сите држави учесници.

lazovski_state_depratment_holokaust_13_mart_2018_foto2

Информирајќи го специјалениот пратеник на САД за досегашните активности во врска со проектот, заменик-министерот Лазовски посочи дека Министерството за култура пројавува голем интерес за реализација на овој проект и ќе даде свој максимален придонес, особено во осмислувањето на концептот на изложбениот простор и едукативниот дел - форумот, кој треба да претставува модел на соработка за помирување и дијалог, но и укажување на идните генерации дека грешките и ужасите на човештвото извршени во минатото, а со кои за жал се соочуваме и во сегашноста, треба да бидат поука за градење на еден похуман и побезбеден свет. Воедно, Лазовски информираше дека се очекува за овој проект да се разговара и на претстојниот состанок на Советот на министри на југоисточна  Европа - КОМОКОСЕ во Сараево, на 3 и 4 април оваа година, со цел да се подигне нивото на досегашните состаноци и да се превземет поконкретни активности особено околу концептот на изложбениот простор и едукативниот форум.

Јаздгерди од своја страна изрази благодарност за добиените информации и изразениот интерес од страна на Министерството за култура за реализација на овој заеднички проект, кој е од особено значење не само за Евреите туку и за целото човештво.  Како специјален пратеник на Стејт Департментот на САД задолжен за холокаустот, тој ќе ја следи реализацијата на овој проект и изрази лична спремност за негова поддршка.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia