Филхармонија со кларинетистот Здравко Ангелов

„Мејд ин Маседонија“ (Мade in Macedonia) е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи в четврток во 20 часот ...

zdravko_angelov

Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор. 
Ангелов завршил на Факултетот за музичка уметност во класата на проф.Иван Кочаров, а магистрирал во 2012 година во класата на проф.Стојан Димов. Бројни признанија и награди се впишани во неговата биографија. Настапува и како камерен музичар.
Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата  се и делото „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia