Во МСУ утревечер се отвора изложбата „ Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје“

Во Музејот на современата уметност утре (13 март) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пре-фабрикати:Растечките куќи на Скопје“, проект на архитектите Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек од Австрија....

Plakat_za_najava_na_izlozba_vo_____MSU

Изложбата ќе ја отвори министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а воведен говор ќе одржат професорката Елке Красни од Австрија и архитектката Даница Павловска.

Како што соопштуваат од МСУ, изложбата ќе открие едно толку малку истражувано поглавје од историјата на Скопјеповрзано со станбените единици градени после земјотерсот во 1963 година.

Архитектурниот увоз на монтажни куќи, кои денес во Скопје сѐ уште се нарекуваат „бараките“, трајно го обликуваше ликот на градот. Иако се во употреба повеќе од 50 години и претрпеле повеќекратни проширувања и трансформации, основната структура на населбите и елементите на архитектурата од Финска, Мексико или САД се забележливи и ден-денес.

„Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје трага по приказните на куќите во ова малку истражувано поглавје од историјата на главниот град на Македонија. Проектот ја разгледува историјата на градбите на шест куќи и искуството на домаќините од животот во нив. Преку начинот на кој ги користеле објектите низ годините и оптимално ја приспособиле нивната структура заради задоволување на личните потреби, жителите на реконструираниот град се тие кои ја преиспитуваат оптимистичната верба на модернизмот во индустриското производство и можностите за префабрикување. Документирањето и анализата на домашниот пејзаж, кој се развивал преку интервенирање, приспособување и проширување, овозможува конкретно разгледување на овие сомнежи и нивна тематизација, најавуваат од Музејот на современата уметност.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура, Федералниот секретаријат за уметност и култура на Република Австрија, Амбасадата на Австрија во Македонија и Музејот на современата уметност, Скопје.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia