Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа со Координативен центар за културна соработка во Скопје

Синоќа во рамки на НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје, на свечен начин беше отворен Координативниот центар за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа (Иницијатива 16+1)...
naslovna_koordinativen_centar_16_plus1_otvoranje

Во присуство на голем број амбасадори на земјите-членки на ЦИЕ, на високи владини претставници, на јавни личности, претставници на националните институции од културата и уметници, Центарот го отвори министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски. Тој рече дека Иницијативата 16+1 претставува извонредна можност, без оглед на големината и на ресурсите на земјите-членки, да се вклучиме и сите заедно да придонесеме за унапредување на нашите врски, како на билатерален така и на мултилатерален план.

„За Македонија, отворањето на овој центар за културна соработка, а всушност и целата Иницијатива 16+1 е одлична можност, не само за унапредување на традиционално добрите и пријателски односи со НР Кина кои ги негуваме повеќе од половина век, туку и за воспоставување на уште поблиски релации и интензивирање на соработката со сите земји од Источна и Централна Европа“, истакна министерот Алаѓозовски.

centar_nub_kina1

Министерот говореше за досегашните активности што Македонија ги има со НР Кина, по Третиот форум за соработка помеѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ,  и по усвоената  Декларација за културна соработка и Двегодишната програма за соработка за 2018-2019 меѓу НР Кина и ЦИЕ. Потпишан е и Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за култура, со што Координативниот центар за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа беше и формално востановен со седиште во Скопје.

„Иницијативата ‘16 + 1’ има благородна цел - да ја интензивира и прошири соработката со 11-те земји - членки на ЕУ и 5-те балкански земји во инфраструктурата, трговијата, инвестициите, транспортот, земјоделието, финансиите, науката, образованието и културата, што ќе овозможи внатрешен развој на земјите, регионална поврзаност и забрзан економски развој. За нас, ова е одлична можност за унапредување на постојните партнерства, но и за воспоставување на нови партнерства и заеднички иницијативи, особено со подалечните европски региони“, рече на отворањето на Центарот министерот Алаѓозовски.

centar_nub_kina2

Присутните високи гости ги поздрави и амбасадорката на НР Кина, Јин Лисјен која ги пренесе топлите честитки од својата земја за отворањето на овој центар во Скопје.

„Кина и земјите од Централна и Источна Европа имаат долга историја на пријателска размена. Ние не сме само пријатели кои го поминале тестот на времето, туку и нови партнери кон иднината. Соработката 16 + 1, која започна во 2012 година, претставува нова платформа за соработка што ја создадоа заеднички Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Оттогаш, поддржувајќи го духот отвореност, соработката 16 + 1, како важна компонента и корисно дополнување на односите меѓу Кина и Европа, го одржува својот моментум на брз развој, преку промовирање на меѓусебното разбирање, пријателство и соработка, што донесе значителни придобивки за 17-те земји. Во рамките на соработката 16 + 1, културните размени луѓе - за - луѓе беа најактивното поле и дадоа охрабрувачки резултати“, истакна нејзината екселенција Лијсен.

Настанот беше збогатен со музичка програма од квартет на Македонската филхармонија.

Координативниот центар за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од ЦИЕ има широка платформа на активности, а во фокусот е организацијата на 4-от Министерски форум на Иницијативата 16 + 1 што во 2019 година ќе се одржи во Македонија.

centar_nub_kina3

centar_nub_kina4

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia