Владини делегации му оддадоа почит на претседателот Трајковски

По повод одбележувањето на четиринаесетгодишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегации на Владата на РМ оддадоа почит и положија венци во Ротимље, во Алеата на великаните на градските гробишта во Скопје и во Струмица...

lazovski1_boris_pomen_26_feb_2017_foto_2

Делегација на Владата на РМ оддаде почит на спомен-обележјето во Ротимље (Мостар, БиХ) во самата близина на местото на авионската несреќа,  а со високи воени почести, на градските гробишта во скопски Бутел, заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски положи венец на вечното почивалиште на претседателот и оддаде почит и на другите загинати во авионската несреќа.

Претставници на Владата на РМ положија свежо цвеќе и пред споменикот на поранешниот претседател Трајковски во Струмица.

Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот Кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, со кој патуваа на Меѓународна конференција во Мостар, трагично ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година.

lazovski1_boris_pomen_26_feb_2017_foto1

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia