Исчистена депонијата, започнува акција за заштита и заживување на Скопскиот акведукт

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за култура Алаѓозовски, градоначалникот на Скопје, Шилегов и градоначалникот на Бутел, Смилевски денеска го посетија Скопскиот акведукт, каде деновиве започнаа интензивни активности за уредување на локацијата и заштита и конзервација на овој монументален историски објект...


akvadukt2

Премиерот Заев ја објави заедничката акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини. „Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи“, рече Заев.

Претседателот на Владата посочи дека во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства.  „Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати. Апелирам до сите институции и граѓани – неопходно е сите заедно да се грижиме и да ги чуваме убавините на Македонија“, порача премиерот Заев.

akvadukt5

Министерот за култура на Репиблика Македонија, Роберт Алаѓозовски информираше дека по повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година преку буџетот на за култура се издвоени 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. „За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на акведуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази.  Освен тоа, Министерството ќе ги поддржи програмски и културните содржини кои ќе ги реализираат Градот и општините на чија територија е локалитетот и контактните зони“.

Министерот Алаѓозовски објасни дека последните посериозни инвестиции во геотехничките и геофизички истражувања, сондирањата и анализата на материјалите на Акведуктот се реализирани пред неколку години, претежно со меѓународни донации, додека нашите институции беа прилично пасивни и речиси го игнорираа овој атрактивен локалитет, кој наместо да го оствари својот културен, туристички, рекреативен, еколошки потенцијал, беше претворен во една голема депонија. „Благодарни сме за директната поддршка на Владата за оваа заедничка иницијатива, со која уште еднаш демонстрираме дека заштитата на културното наследство е врвен приоритет за сите институции и на тоа ќе продолжиме да работиме посветено и со заеднички сили“, рече министерот Алаѓозовски.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов информираше за активностите кои ќе ги преземе Градот на локацијата, пред сè околу означувањето, пристапот, зазеленувањето, урбаната опрема и другата комунална инфраструктура, а важни новини ќе бидат рекреативната патека по брегот на Серава до Вардар, која ќе се спои со рекреативната патека на кејот и Градскиот парк, како и летната сцена во контактната зона со Аквадуктот, која ќе биде вкопана и нема да ја наруши визурата на локалитетот и ќе овозможи простор за до 1000 посетители. Општината Бутел, која со помош на компании – донатори успеа да ја исчисти депонијата од оваа локација, како што посочи градоначалникот Велимир Смилевски, ќе се грижи за хигиената, чувањето на локацијата и ќе обезбеди локална комунална инфраструктура.

akvadukt3

akvadukt4

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia