Владата ја усвои Стратегијата и Акцискиот план, Алаѓозовски: Година на темелни реформи и обнова на културата

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата 2018-22 и Акцискиот план и практично го отвори процесот на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Македонија. „Со Стратегијата целиме кон оживотворување на нашата визија за градење едно општество за сите, децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво“, истакна министерот Алаѓозовски на денешната прес-конференција...

ministerot_Alagjozovski_pres_vo_Vlada_1

На прес конференцијата во Владата на РМ што се одржа веднаш по усвојување на стратешките документи на седница на Владата, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потенцираше дека во изминатите месеци се спроведени повеќе институционални акции, со кои е спречено пропаѓањето на културниот систем во повеќе сегменти и непродуктивното трошење на парите на граѓаните.

„Поконкретно изменивме 4 закони, го запревме пропаѓањето на културното наследство, ги оневозможивме клиентелистичките привилегии и стопиравме да се одлеваат пари за СК 2014. Подготвивме буџет и спроведуваме активности со кои ги враќаме долговите за да спречиме огромни камати, ги санираме објектите на културата и овозможуваме проекти на голем број актери во културата. Годинава отвораме повеќе процеси за преструктуирање на системот, во кои го очекуваме учеството и придонесот на јавноста и сите заинтересирани“, истакна министерот Алаѓозовски.

Деталите за реформите и стратешите документи може да се пронајдат и сочуваат на оваа врска: 

http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3553-2018-02-20-14-41-39

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia