Февруари - месец на Борко Лазески во Националната галерија на Македонија

Со промоција на монографијата „Борко Лазески 1917-1993“ утре (8 февруари) во 12 часот во МАНУ, Националната галерија на Македонија го започнува одбележувањето на 70-годишнината од основањето. Јубилејот се надоврзува со одбележување на 100 години од раѓањето на доајенот на македонската ликовна уметност Борко Лазески, еден од основачите и в.д. директор на оваа установа...

pokana_Borko_Lazeski_8_feb_2018


По повод значајниот јубилеј, во текот на овој месец,  освен промоцијата на монографијата, на 15 февруари во Даут-пашиниот  амам  во 19 часот ќе биде отворена изложба на  дела од  Борко Лазески,  а на 28 февруари  во 12 часот ќе се одржи предавање  за животот и делото на овој наш истакнат уметник.

Монографијата посветена на Борко Лазески е отпечатена на македонски и на англиски јазик, а низ 130 фотографии, на 160 страници се претставени најзначајните остварувања на авторот, неговата биографија, библиографски податоци за творештвото и каталошкиот дел со податоци за делата.

На промоцијата  на монографското издание за животот и делото на овој наш истакнат уметник ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, академик Влада Урошевиќ,  д-р Небојша Вилиќ, редовен професор на УКИМ и кураторот на проектот, Маја Чанкуловска-Михајловска.

Борко Лазески е роден во Прилеп во 1917 година во семејство на бојаџии - декоратери. Основно училиште и гимназија завршил во Прилеп. Неговиот талент за цртање и сликање уште во текот на гимназиските денови го открива сликарот Велебит Рендиќ, под чии инструкции Лазески слика и ваја подготвувајќи се за Уметничката школа во Белград, на која се запишал во 1933 година кај професорите Љуба Ивановиќ, Никола Бешевиќ и Симеон Роксандиќ. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници во Прилеп. По завршувањето на Уметничката школа се запишува на Ликовната академија во Белград, во класата на проф. Мило Милуновиќ, а подоцна заминува на студии во Софија на Државната ликовна академија, кај проф. Никола Ганушев, на која дипломира во 1943 година.

По враќањето во Прилеп, активно учествува во формирањето на ДЛУМ и на Уметничката школа во Скопје. Тој е и еден од првите професори на новоформираната Уметничка школа. Како стипендист на француската Влада, во 1946 година заминува во Париз, каде што до крајот на својот престој во 1948 година спацијализира сликарство и мозаик на „L’ecole Nationale Superieure des Beaux-Arts“, витраж кај Момежан и современо сликарство кај Андре Лот.

Борко Лазески во текот на својот живот реализирал повеќе студиски престои во: Италија, Грција, Австрија, Германија, Јордан, Турција, Сирија, Либан, Египет, Ирак, Авганистан, Пакистан и Индија, како и во СССР, Узбекистан, Ерменија и Грузија. Добитник е и на многубројни награди и признанија за своето творештво, меѓу кои и Октомвриската награда на СР Македонија за животно дело во 1987 година.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia