Театарот за деца и младинци ќе одбележи две децении од „Убавицата и ѕверот“

Театарот за деца и младинци (ТДМ) утре, на 6 февруари 2018 година ќе одбележи 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“, која е рекордно најиграна претстава во Македонија. На прославата ќе биде поставена ретроспективна изложба за оваа претстава и за 20-те години од вселувањето на ансамблот во сегашниот простор...

ubavicata_i_zverot

ТДМ го дочекува овој јубилеј во истиот простор, што пред 20 години беше најавуван како првиот објект за овој театар, а кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје  во просториите на некогашниот ресторан „Вардар“.
„Од премиерата на 6 февруари 1998 година, ‘Убавицата и ѕверот’ цели 20 години е на тековниот репертоар на театарот. Наскоро ќе ја доживее својата 350-та изведба, а со тоа ќе го постави рекородот на најиграна претстава во Македонија“, соопштија од оваа национална установа.
Претставата „Убавицата и ѕверот“ е од Игор Бојковиќ во превод и препев на Петре Бакевски, режијата е на Димитар Христов, музиката од Славе Димитров, а во кореографија на Александар Хаџиманов. Претставата  се играше и на многу други сцени во Македонија, но и на престижни меѓународни фестивали. Ги има освоено наградите за најдобри костими изработени од Александар Ношпал, како и награда за најдобро актерско остварување за актерката Тања Кочовска на фестивал во Суботица.
ТДМ во досегашното постоење зад себе има повеќе успешни и убави театарски приказни.  На сцената и други претстави доживеале долг век и некои од нив се’ уште се играат. Претставата „Зрното грашок и принцезата“ е изиграна 237 пати, „Снежана и седумтте џуџиња“ – 237 пати. „Македонска приказна“ има најголем број на гостувања на меѓународните фестивали. Претставата донесе дури три гран-при награди, две награди за колективна актерска игра, актерска награда за Татјана Павловска Кочовска, награда за режија за Боњо Лунгов и награда за музика за Драган Даутовски.
Овој месец, ТДМ ги слави и јубилеите на реномираните актери Изабела Новотни и Владимир Лазовски, кои се цели 25 години во Театарот за деца и младинци.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia