Во Кинотека на Македонија проекција на филм од Љупчо Тозија

На 6 февруари (вторник) со почеток во 20:00 ч. во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Копнеж по глина“ (1998, 15 мин.) во режија на неодамна починатиот Љупчо Тозија...

esenska_kolonija_film_tozija_5_feb_2018

Филмот „Копнеж по глина“ е посветен на Ресенската керамичка колонија, на авторите што престојуваат во неа и на уметничките дела што се создаваат во неа.

Љупчо Тозија е роден во 1947 година. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974 г., речиси целиот професионален ангажман го помина во Македонската радио-телевизија, сè до 2005 г. кога е поставен за амбасадор на Македонија во Италија. Беше автор, режисер, уредник, а и директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005 г.

Има снимено многу телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови. Режисерското деби го има во 1973 година во Драмскиот театар - Скопје со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“. Почина во Скопје на 9 јануари 2018 година.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia