IN MEMORIAM: Почина истакнатиот албанолог Ремзи Несими

Вчеравечер (3 февруари 2018) во Скопје, почина истакнатиот албанолог, лингвист, професор и истражувач проф. д-р Ремзи Несими...

remzi_nesimi

Професорот Несими беше еден од најистакнатите албанолози во Република Македонија и воопшто во светот. Особено е значаен неговиот придонес во филолошките науки во областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство.

Проф. Несими беше учесник - делегат и на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во Тирана во 1972 година, којшто се смета за најзначаен за оформувањето на стандардниот албански јазик, а каде што Несими го презентираше рефератот  „Процесот на унифицирање на литературниот албански јазик во Македонија“.

Роден е во с.Одри, Тетовско, во 1933 година. Средно училиште завршил во Тетово, факултетот и постдипломските студии на Универзитетот во Белград, а докторирал на Универзитетот во Приштина. Работел како лектор по албански јазик при катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот во Белград (1962-1964), предавач по албанскиот јазик на Педагошката академија во Скопје (1964-1975), професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје (1975-1999). Автор е на неколку научни книги и над 200 статии во периодични и научни списанија.

Погребот на проф. Несими се одржа денеска, на гробиштата во родното с. Одри.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia