Со изложба и презентација во Чифте амам почнува новиот проект на Петре Николоски

Вечерва во галеријата Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе се одржи презентација со изложба за престојниот проект на уметникот Петре Николоски, „Бесконечност“, што ќе се реализира на крајот од 2018 година...

petre_nikoloski_beskonecnost

Поради комплексноста на проектот, од денес до 13 февруари Чифте амам ќе биде собирно место за граѓата, односно книгите и други материјали што се потребни за новите дела на Николоски. Делата со наслов „Бесконечност“ ќе бидат сочинети од три единици, од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга на авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, додека во урамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите.
Затоа, НГМ има отворен повик до сите книгоиздателства и граѓани за алтруистичка акција за реализација на делото, кое, како што наведуваат од Галеријата, ќе се состои од две скулптури во форма на обелиск, високи 6 и 4 метри, чиј резулатат ќе зависи токму од алтруистичкиот придонес на издавачите, писателите на граѓаните.
Со цел да се појасни идејата на проектот „Бесконечност“, од денес во Чифте амам ќе биде поставена изложбата „Приватно-јавно“, каде што меѓу другото ќе може да се видат макети и скици на идниот проект, кој покрај скулптурите ќе има и специјални полици за книги и дрвени изнталации, а сите овие дела ќе бидат отстапени на неограничено користење на НГМ, на Градската библиотека во Прилеп, како и на Националната и универзитетска библиотека во Скопје.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia