Балетот „Оревокршачка“ на сцената на Македонската опера и балет

На сцената на Македонската опера и балет денеска (30 јануари), со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Ова балетско дело, чие либрето е по сказната на Т. А. Хофман, ќе има две репризни изданија, и тоа на 31 јануари и 2 февруари...

orevokrsacka

Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска - Шокаровска и Бобан Ковачевски, како и првенци, солисти и целиот балетски ансамбл на МОБ, а со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска. Кореограф на популарната балетска претстава е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценографијата ја изработи Анатолиј Нежњи, исто така од Русија, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Од Македонската опера и балет потенцираат дека овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет.

- Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и` е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година - нагласуваат од МОБ во најавата за претставата.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia