Државниот секретар Азири на средба со директорот на Инстанбулската опера и балет

Државниот секретар на Министерството за култура на Република Македонија, Валмир Азири заедно со шефот на кабинетот на министерот за култура, Тодорче Тасевски, беа домаќини на директорот на Истанбулската државна Опера и Балет, Суат Арикан, како и генералната директорка на Туркиш Ерлајнс - Скопје, Пинар Ајваз - Арикан...

sredba_direktor_istanbul_opera_29_jan_2018

На средбата се дискутираше за реципрочните искуства на Македонија и Турција на полето на размената и соработката меѓу културните институции, за која е констатирано дека е одлична но и дека може да се интензивира и унапреди уште повеќе.   

Соговорниците дискутираа за конкретни можности и реализација на концерти, оперски гостувања, уметнички колонии и други начини на културна соработка меѓу институциите и уметниците од двете земји, кои се очекуваат во блиска иднина.

Директорот на Истанбулската опера и балет, Арикан денес оствари средби и со директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, како и со директорот на Македонската опера и балет, Илија Рајковски.

Посетата се остварува на покана на државниот секретар Азири по неговата реализирана посета во Истанбул минатата есен, при што тој меѓу другите активности ја посети и Истанбулската опера и го покани директорот на оваа институција да ја посети нашата земја и да реализира средби со претставниците на нашите културни установи за остварување на конкретна соработка.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia