Агенцијата за филм ги објави резултатите од Конкурсот за поддршка на филмски проекти

Агенцијата за филм на Република Македонија, денеска информираше дека на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, за документарен и анимиран филм објавен на 22.11.2017 година, пристигнале вкупно: 73 филмски проекти, меѓу кои 48 долгометражни и 25 краткометражни филмови. Од Агенцијата посочуваат дека од 73-те пристигнати проекти, 12 не ги исполнувале условите за да влезат во процесот на евалуација...

agencija-za-film

Согласно Одлука од Управниот одбор, поддршката од Агенцијата за филм ќе ја добијат 3 долгометражни играни филмови, 5 долгометражни копродукциски проекти со македонски малцински удел, 2 документарни долгометражни филмови, 5 краткометражни играни филмови, и 1 краткометражен документарен и 1 краткометражен  анимиран филм. Од Агенцијата посочуваат дека меѓу насловите што ја добиле поддршката има проверени режисерски и продуцентски имиња, но и дебитанти кои, според нив, се позитивно изненадување за македонската кинематографија.

Долгометражен игран филм со македонски мнозински удел ќе снима режисерот Милчо Манчевски. Станува збор за проектот „Врба“ во продукција на „Сектор филм“, кој добива 76.875.000 денари (1,2 милиони евра).

Долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел ќе снимаат и Вардан Тозија, филмот со наслов „М“ во продукција на „Фокус покус“ (330 илјади евра) и дебитантката Дина Дума со „Сестра“ во продукција на „Круг филм“ на Марија Димитрова и Дејан Крајчевски (околу 300 илјади евра).

Во категоријата долгометражни играни филмови со македонски малцински удел, поддржани се проектите на Горан Дукиќ со „Вертиго визуал“ за „Таја носеше црвена шамија“ (250.000 илјади евра), Блерта Башоли со „Црна мачка продукција“ за „Улиште“ (50.000 евра), Словенецот Метод Певец со копродуцентот „Small Moves“ на Светозар Ристовски „Одиме во партизани“ (250.000 илјади евра), Виктор Чучков со „Сектор филм“ за „18% сиво“ (250.000 илјади евра) и Бесник Биша со „АРБ филм“ за „Неповратно лето“ (55.000 евра).

Режисерите Игор Иванов, Агим Абдула и Георги М. Унковски ќе снимат кратки играни филмови со македонски мнозински удел: „Љубовникот“ (32.000 евра), „Совест“ (35.000 евра) и „Налепница“ (25.000 евра).

Даријан Пејовски е поддржан со 32.000 евра за краткиот документарец со македонски мнозински удел „Скопскиот Феникс“, во продукција на „Црна мачка“, а Иван Ивановски доби 16.000 евра за краткиот анимиран филм „Јадица“, во продукција на „Флип бук“.

Резултатите од Конкурсот можете да ги погледнете на следниот линк:

http://www.filmfund.gov.mk/Programmes/Projects-approved-at-the-2017-Call-for-Funding-the-production-of-feature-films-documentary-films-short-and-animation-films/?lang=mk

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia