Ретроспективна изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен “ во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од денеска (26 јануари) ќе биде поставена ретроспективна изложба на дела кои во изминатите десет години биле создадени во рамките на колонијата „Дрен“...

Kolonija_Dren_1

Ќе бидат изложени 20 дела од реномирани македонски и странски уметници - учесници на колонијата, која прилепскиот Центар за култура ја реализира во изминатата деценија.

Ликовната колонија „Дрен“ има мултимедијален карактер и досега учествувале уметници од Македонија, Русија, Бугарија, Србија и од други земји. Уметниците за време на одржувањето на колонијата создаваат дела инспирирани од опкружувањето и луѓето од нашето поднебје.

Колонијата „Дрен“ се одржува во рамките на Прилепското културно лето кое, со поддршка од Министерството за култура, го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia