„Тоалет за дами“ вечерва премиерно во Велешкиот театар

Со почеток во 20 часот, Театарот „Јордан Х.К. – Џинот“ од Велес вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „Тоалет за дами“, работена по текст од Родолфо Сантана, во режија на Деан Дамјановски...

toalet_za_dami_veleshki_teatar_26_jan_2018

Претставата ги проблематизира личните односи и проблеми на десет жени, еден трансвестит и еден маж, кои се среќаваат во тоалетот на еден ноќен клуб.

Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а музички соработник на претставата е Сашко Костов. Настапуваат актерите Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Зорица П. Панчиќ, Весна Димитровска-Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.

Првите репризи на „Тоалет за дами“ се предвидени в недела, 28 јануари, и в сабота, 3 февруари, од 20 часот.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia