Слики со мотиви од македонските градови изложени во Велес

Во Ликовниот салон во Велес , од вчера (24 јануари 2018) е отворена тематска изложба насловена „Урбани документи: пејзаж - град - предел“, на Националната галерија на Македонија...

izlozba_ngm_veles_24_jan_208

Во рамките на изложбата се презентирани 23 ликовни дела, на тема Урбан предел, кои се дел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија. Изложбата ја сочинуваат слики од познати и афирмирани автори, меѓу кои: Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Вангел Коџоман, Томо Владимирски и други.

Ликовните дела предизвикаа голем интерес кај публиката во Велес од аспект на историски и документарен карактер како сведоци на едно минато време, како и од ликовен аспект. Некои дела се со препознатливи мотиви од Скопје, Битола, Охрид, Струга, Кратово, но и од Париз, Прага, Елбасан итн.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството  за култура, а кустос е Елена Иванова од Националната галерија на Македонија.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia