Во Куманово гостува изложбата „Велес низ стари фотографии“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Велес низ стари фотографии“...

zlozba_kumanovo_veles_fotografii_25_jan_2018

На изложбата ќе бидат прикажани 150-ина фотографии. кои претставуваат приказ на развојот на Велес низ призмата на староградската архитектура, историјата и етнологијата.

Изложените фотографии опфаќаат период од сто години, а најстарата фотографија датира од 1863 година и претставува приказ на панорамски поглед на Велес.

Оваа колекција на фотографии беше претставена и пред публиката во Скопје, Кочани, Велес, но и во Врање, Шибеник, Кључ и на други места. Автори на изложбата се Павлина Василева (пензиониран кустос) и Марин Клифов, виш кустос-историчар во Локалната установа Народен музеј на градот Велес.

Изложбата е во организација на Центарот за култура во Куманово и на Народниот музеј од Велес.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia