Кинескиот танцов спектакл, по Велес вечерва во МНТ

Вечерва во Македонскиот народен театар, во 20 часот, Пекиншката академија за танц ќе ја изведе претставата „Фен Мо“. Гостувањето е дел од програмата на Танц фест-Скопје, а со овој настап Скопје танц академијата ја отвора сезоната на Годината на танцот....
tanc_fest
Претставата „Фен Мо“ е инспирирана од поговорката од книгата “Записи за сликарството од сите династии” од Јан Јуан Занг од Танг династијата (618-907), која гласи вака: „Ако еден сликар користејќи го мастилото може да алудира на петте бои, тогаш тој ја знае есенцијата на сликањето, но никако не смее да се фокусира само на боите, бидејќи ќе се оддалечи од суштината“ . Кореографот низ движењата на танчерите се обидува да ја оживее уникатната естетска форма на кинеското сликарство.
Со овации и десетминутен стоечки аплауз, претставата „Фен Мо“, завчера беше проследена во Велес. Пекиншката акдемија за танц е на европска турнеја двеасет и два дена и гостува во пет земји: Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Унгарија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia