„Моцартовите перипетии“ со атрактивната обоистка Сања Ромиќ

На 25 јануари (четврток) во 20 часот, на програмата на Македонската филхармонија е симфонискиот концерт „Моцартовите перипетии“, на кој ќе бидат изведени дела од музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт. Како солист ќе настапи атрактивната обоистка Сања Ромиќ, прва обоа на Белградската филхармонија, која ќе го изведе Концертот за обоа и оркестар во C-dur...

sanja_romic_filharmonija_25_jan_2018

Под диригентство на маестро Михал Нестерович од Полска, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и увертирата од операта „Дон Џовани“, како и Симфонијата бр.38 во D-dur, „Прашка“.

„Таа поседува музичка длабочина и има прекрасен тон кој го надминува целиот оркестар, а наедно ги инспирира своите колеги“, изјави славниот маестро Зубин Мехта за Ромиќ. Таа се смета за една од најактивните, но и најталентираните обоистки од помладата генерација на Балканот. Го започнала своето музичко образование во Нови Сад, потоа студирала на академијата „Франц Лист“ во Будимпешта, а се усовршувала на „Моцартеум“ во Салцбург. Од 2005 до 2009 година дејствувала како соло-обоистка во Операта и балетот во Љубљана, а соработувала и со Оркестарот на Радио-телевизија Словенија, со Словенечката филхармонија, со оркестарот на Војската на Словенија, со оркестарот „Фестине“ и Друштвото на словенечки композитори.
Сања Ромиќ соработувала и со меѓународни оркестри како што се „Ердоди“ и „Матав“ од Унгарија, Салцбуршката камерна филхармонија, Младинската филхармонија од Салцбург, оркестарот „Бад Рајхенхал“ од Германија, со Загрепските солисти, со оркестарот на Академијата „Арс музикае“ од Клагенфурт.  Со педагошка дејност е активна  на Кралската академија во Даблин и на Академијата за уметности во Нови Сад. Има поголем број музички изданија со врвни музичари и диригенти.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia