Затворање на изложбата на Мазев со предавање на професорот Џепароски

По повод затворањето на големата ретроспективна изложба, „Петар Мазев - 90 години од раѓањето“, која предизвика огромна посетеност и публицитет, Националната галерија на Македонија (НГМ) организира стручно водење низ изложбата со професорот Иван Џепароски, задутре (четврток 25 јануари) од 12 часот, во Даут пашиниот амам...

Mazev

Еден од најеминентните филозофи и естетичари, проф. Џепароски ќе одржи предавање во амбиенталното опкружување на изложбата на Мазев, а ќе зборува за специфичните аспекти на неговото творештво, кое го одбележа крајот на 20 век, на овдешните простори, како и за вулканската енергија, жестокиот колорит и нескротливиот дух на овој великан на македонската модерна.

Предавањето на Џепароски, како што велат од НГМ, ќе биде можност да се слушне едно ново исчитување на творештвото на Мазев, кое тргнува од лични импресии, за потоа да не запознае со новите теории и гледања на овие слики низ различни призми и пристапи.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia