Средба Алаѓозовски – Богдановиќ: Иницијативи за унапредување на одличната соработка

На маргините на Конференцијата на министрите за култура која се одржува во Давос, Швајцарија, министерот Алаѓозовски оствари повеќе билатерални средби со неговите европски колеги. На средбата со новиот министер за култура на Република Црна Гора, Александар Богдановиќ, се разговараше за унапредување на одличната соработка, особено во делот на регионалните иницијативи и заштитата на културното наследство...

davos_sredba_minister_crna_gora_foto_1


Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес на маргините на Конференцијата на министри за култура во Давос, Швајцарија оствари средба со новиот министер за култура на Република Црна Гора, Александар Богдановиќ.

Во исклучително пријателска атмосфера, двајцата министри се осврнаа на плодната културна соработка меѓу двете земји во изминатите години, за која оценија дека има простор да се интензивира и унапреди и понатаму.

davos_sredba_minister_crna_gora_foto_2

Министрите Алаѓозовски и Богдановиќ разменија мислења за соработката и иницијативите во рамки на Форумот на министри на Југоисточна Европа, како и за можностите за соработка на полето на заштитата на културното наследство, во музејската дејност и за унапредување на менаџирањето на културно наследство. Министрите разговараа за сличните предизвици во овој аспект што ги имаат градовите Котор и Охрид, кои се под заштита на УНЕСКО. Во тој контекст, министерот за култура на Црна Гора се интересираше за искуствата на нашите културни институции во процесот на имплементација на препораките на УНЕСКО.

Министерот Алаѓозовски ја искористи оваа прилика да го покани црногорскиот министер и неговата држава да учествуваат во активностите на Регионалниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“, што ќе се отвори годинава во Скопје. Воедно, тој упати отворена покана до неговиот колега Богдановиќ да ја посети нашата земја.    

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia