Недела на иранскиот филм во Кинотеката на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од денеска (22 јануари) до 27 јануари ќе се одржи филмскиот циклус посветен на современиот ирански филм...

The_Painting_Pool-Nedela_na_iranski_film_kinoteka_22_jan_2018

Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани шест филмски остварувања од поновата иранска продукција, од признати ирански режисери, директори на фотографија и познати актерски имиња кои имаат значајно место во светската кинематографија и имаат освоено голем број фестивалски награди.

Ќе бидат прикажани филмовите: „Слаткиот вкус на имагинацијата“ во режија на Камал Табризи (22 јануари), „Еднаш, љубов и предавство“ во режија на Давуд Бидел (23 јануари), „Базен за сликање“ на Мазиар Мири (24 јануари), „Сосема сам“  во режија на Ехсан Абдипур (25 јануари), „Коцка шеќер“ во режија на Реза Миикарими (26 јануари) и „Толку блиску, а толку далеку“ во режија на Реза Миркарими (27 јануари).

Иранската кинематографија е една од најистакнатите светски кинематографии, а иранските филмови се препознатливи по својот реализам, непретенциозност и едноставност во изразот. Но, преку тие навидум мали приказни се рефлeктира не само иранското општество туку и некои универзални човекови дилеми.

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје во чија селекција се и филмовите. Влезот за проекциите е бесплатен.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia