Мите Грозданов одбележува два јубилеи во Кинотека на Македонија

По повод 50 години професионализам и 63 години аматеризам на Мите Грозданов,  во Кинотеката на Македонија од 7 до 13 декември ќе се одржат проекции на филмовите на овој пензиониран доајен на македонското глумиште...

foto_istrel_2


Ќе се прикажат осум значајни филмови, во кои Грозданов учествувал активно како актер, но и како режисер, меѓу кои и „Црно семе“ на Кирил Ценевски, „Истрел“ на Бранко Гапо, „Мите-коштан-гркљан“ во кој Мите Грозданов се јавува и како актер и како режисер, „Глужд во времето“, „Еурека: Сократ“, „Народни трибуни: Димитар Поп-Георгиев Беровски“, „Коледе - Мирче, Лаве, Струја, Оѓин и Мите“.

Свеченоста ќе започне утревечер во 20 часот со краткиот документарен филм „Охридскиот светилник – Климент Охридски“ во режија на Трајче Попов,  со што Кинотеката се приклучува кон чествувањето на Св. Климент Охридски, по што ќе биде проектиран и филмот „Црно семе“.

Мите Грозданов, веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 година, се вработува во Драмскиот театар, кој ќе остане негова матична сцена сè до пензионирањето во 2008 година. Уште на самиот почеток на својата кариера, бил награден со Златниот ловоров венец на престижниот Саревски фестивал МЕСС за насловната улога во „Партитурата за еден Мирон“. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која ја одигра по повод официјалното заминување во пензија, се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, како и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми, серии и неколку филмски улоги.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia