Изложба на Кристина Битракова во ликовната галерија во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утре (четврток) со почеток во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Доживување“ од реномираниот македонски графичар Кристина Битракова...

kristina_bitrakova_izlozba_prilep_7_dec_2017


Авторката Битракова појаснува дека циклусот на дела што ќе бидат презентирани пред прилепската публика опфаќа форми создадени од душа, односно дела кои изгледаат бездушно, но сепак добиле дух поради нејзината ликовна интервенција.

„Овие мои дела претставуваат мое индивидуално разрешување на сопствен конфликт, обид за ослободување од една дамнешна населена таинственост и космогоничност. Ваквото изразување беше лековито во текот на мојата работа, таинственоста се губеше, а јас добивав некаква комична нота во изразот на трудот кој го започнав со страв, а го завршив со смеа. Токму поради тоа сметам дека овие мои дела се дел од еден интересен циклус какви само емоциите може да ги понудат и реализираат“, вели авторката.

Кристина Битракова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Зоран Јаќимовски, а во 2003 година  магистрирала во областа графика под менторство на проф. Костадин Танчев-Динка. Учествувала на групни меѓународни и домашни изложби во Македонија, Турција, Грција, Бугарија, Словенија, Германија, а освен во нашата земја, реализирала самостојни ликовни претставувања во Софија, Пловдив, Берлин и на други места.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia