Биенална изложба на дела од Галичката ликовна колонија во „Мала станица“

Во Мултимедијалниот центар Мала станица, вечерва во 19.00 часот ќе биде отворена традиционалната биенална изложба на сесиите на Ликовната колонија Галичник 2015 - 2016...

plakat_lkg-6_dec_2017

На вечерашната изложба ќе бидат поставени повеќе од 40 дела на 14 уметници од повеќе европски земји и од Македонија.

Меѓу уметниците чии дела ќе бидат изложени се Берт Јансен – Холандија, Костас Шахпазис – Грција, Тошиаки Томита – Јапонија, Владимир Миладиновиќ – Србија, Јерум Хуисман – Холандија, Тиери Тилер – Белгија, Анета Димова Иванова – Бугарија, Бахрам Ќалилов – Азербејџан, Лазар Пејовиќ – Црна Гора, Миша Бадасијан – Русија и Велимир Жерновски, Марија Сотировска, Кристина Божурска и Михаела Јовановска од Македонија. 

Станува збор за дела на автори со особени достигнувања во областа на фотографијата, видеоуметноста, фото и графичките објекти. Изложбата на дела од единствената дигитална колонија во регионот е посветена на нејзиниот основач, долгогодишен организатор и амбасадор на македонската култура и уметност – ликовниот уметник Нове Франговски, кој почина годинава. Изложбата ќе биде поставена до 15 декември.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia