Креативна Европа, значаен механизам за градење на заеднички европски културен простор

Денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје се одржа конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“. Министерот за култура на Република  Македонија, Роберт Алаѓозовски говореше на темата „Патот на Западен Балкан кон ЕУ: Културата има своја улога“, а обраќања имаа и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар на темата „Зошто културата е важна за Европската унија?“, како и раководителот на Секторот за култура од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, Карел Бартак...

alagjozovski_kreativna_evropa_konferencija_13_noemvri_2017

Конференцијата ја организираше Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура) и Агенцијата за филм на РМ,  На конференцијата беше опфатен и практичен дел, кој се однесува на досегашните резултати од спроведувањето на програмата на европско ниво, а се презентираа и тековните повици за аплицирање за потпрограмите „Култура" и „МЕДИА" на Европската унија.

Во неговото излагање, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски потенцираше дека посветеноста на евроинтеграциите е врвен приоритет на Владата на Република Македонија, што подразбира активна вклученост на земјава во комплексниот контекст, од кој произлегува и во кој се спроведува програмата Креативна Европа, која има значајна рефлексија и влијание, не само во реформите и евроинтеграциите, туку и во градењето на мостови за заеднички културен простор. „Анализите покажуваат дека македонските организации и институции се добро застапени во европските програми, и дека има простор да се зголеми нивното учество во соработничките проекти, мрежите и платформите кои се нудат во програмата на Креативна Европа“, оцени Алаѓозовски.

Министерот Алаѓозовски истакна дека се направени и конкретни чекори за подобрување на потенцијалот за соработка преку оваа програма. „Веднаш пристапивме кон надминување на една од сериозните пречки за културните оператори во РМ при учество во проекти од Креативна Европа, кофинансирањето. Министерството, во рамки на Годишниот конкурс за 2018 година, го подобри ко-финанисрањето на поддржаните проекти од Креативна Европа.“, информираше Алаѓозовски.

На конференцијата „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, министерот Алаѓозовски, меѓу другото, истакна дека во новата стратегија во културата, за која моментално тече интензивна јавна расправа, има посебно поглавје за европеизацијата на македонскиот културен контекст.

alagjozovski_kreativna_evropa_2_13nov_2017

Како што се посочува во стратегијата, рече Алаѓозовски, на Македонија ѝ се потребни европските културни вредности како пристап на сите и на секој кон културата; култура на креативната работа; слобода на културното истражување, изразување и движење; вложување во истражувања и во развој; афирмација на европскиот идентитет во неговата разноликост; борба против пиратството во сферата на авторските права, јакнење на уметничкото образование, заштита од монополите, поддршка за дигитализацијата како нова можност за дифузија и создавање нови форми на уметничко изразување. „Во таков концепт културата нема да се базира на претпоставени затворени национални или други идентитети, туку ќе претставува динамизам на разлики, кој е секогаш отворен за вреднување“, истакна Алаѓозовски.

Во контекст на земјите од Западен Балкан, тој рече дека сè уште не можат целосно да ги користат сите механизми на ЕУ, па затоа истакна дека сите учесници на конференцијата се согласни од потребата на зајакната културната дипломатија, што ќе се спроведува со конструктивна соработка со МНР во рамки на регионот и Европската Унија.

Алаѓозовски ја искажа подготвеноста на Македонија за натамошна соработка во сферата на дигитализацијата со помош на иновативните методи и технологии, како и за вклученост на нашите институции во усогласување на ставовите за ефикасно спроведување на проектите во следната година, кога Европа ќе ја одбележува Годината на културното наследство.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia